Израелците почнаа да ги исполнуваат желбите на Трамп: војската доби наредба за Газа, нападите се запрени

Израелскиот јавен радиодифузер Кан и Армиското радио објавија дека израелските политички лидери ѝ наредиле на армијата (ИДФ) да ги запре сите активности поврзани со градот Газа, како и со поширокиот појас.

Оваа информација доаѓа откако Трамп во видео порака испрати порака до Израел барајќи да се запре бомбардирањето на Газа откако Хамас се согласи со предлогот на американскиот претседател за прекин на војната во Газа.

Израелското воено радио објави дека наредбата повикува на намалување на операциите на минимум, при што трупите на терен ќе ги извршуваат исклучиво таканаречените „одбранбени маневри“, а е издадена по ноќните разговори меѓу израелските и американските претставници.

Јавниот радиодифузер Кан, пак, вели дека се очекува преговорите за планот на Трамп да се одржат наскоро.

Патем, Трамп во својата порака рече дека деталите од планот сè уште треба да се разработат и дека сите моментално работат на него.

„Врз основа на соопштението издадено од Хамас, верувам дека тие се подготвени за траен мир. Израел мора веднаш да го запре бомбардирањето на Газа, за да можеме безбедно и брзо да ги извлечеме заложниците! Премногу е опасно да се направи тоа во моментов. Веќе разговараме за деталите што треба да се разработат. Не станува збор само за Газа, туку за долгоочекуваниот мир на Блискиот Исток“, рече Трамп.