Војната во Израел влезе во својот 25-ти ден.
Бројот на загинатите во Газа надмина 8.500, а загинаа 3.542 деца.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел нема да се согласи на прекин на огнот .
Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) вчера предупреди дека децата во Газа се соочуваат со катастрофална ситуација, бидејќи нивните родители немаат друг избор освен да им дадат солена вода.
Милитантната група Хамас објави видео во кое три заробени Израелки го критикуваат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и го повикуваат да обезбеди нивно ослободување.
Д-р Мадс Гилберт, пропалестински активист кој работел во Газа, вели дека неговите извори на терен велат дека Израел бомбардирал 15 цивилни домови во кампот Џебалија.
– Последната бројка што ја добив беше речиси 100 убиени и 300 ранети. Апсолутно нема сомнеж дека се работи за масовно убиство. Болничкиот систем во Газа не може да прими 300 нови повредени – изјави Гилберт за Ал Џезира.
Бегалскиот камп Џебалија е „целосно уништен“
Директорот на цивилната одбрана на Газа објави дека бегалскиот камп Џебалија бил „целосно уништен“ од израелското бомбардирање.
– Во овие згради живеат стотици граѓани. Окупаторската авијација го уништи овој кварт со шест бомби од американско производство. Тоа е последниот масакр предизвикан од израелската агресија на Појасот Газа – изјави Ахмад ал Кахлут на новинарите пред болницата во Кан Јунис.