Израел ги продолжи нападите на Газа

– Повеќе палестински жртви се пријавени денес од израелски напади кои продолжуваат во Појасот Газа, објави новинската агенција Вафа.

Израелски авиони бомбардираа населени подрачја во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа и плоштадот во бегалскиот камп Ал Шати во градот Газа.

Војската дигнала во воздух низа станбени згради во Ал-Муграка, северно од кампот Нусејрат, во централниот дел на Појасот Газа.

Палестинците во блокираната енклава го одбележуваат празникот Курбан бајрам и покрај насилствата и разорувањата на кои се изложени од страна на израелската војска.

Израел продолжува со својата брутална воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници иако Обединетите нации усвоија резолуција со која се бара итен прекин на огнот.

Повеќе од 37.300 Палестинци се убиени во израелскитебомбардирања и гранатирања на Појасот Газа од 7. октомври, објави Министерството за здрљвство на опколената енклава.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата најнова одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од милион раселени Палестинци побараа засолниште.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.