Израел изврши воздушен напад на Западниот Брег, најмалку еден загинат

Израелската војска соопшти дека воен авион извршил напад врз Џенин на Западниот Брег.

Едно лице загина, а две се повредени, соопшти палестинското Министерство за здравство, пренесува skynews .

Додека Палестинците живеат и во Газа и на Западниот Брег, териториите се контролирани од различни групи.

Хамас владее со Газа откако ја презеде контролата во 2007 година по кратката граѓанска војна со палестинските власти.

Со Западниот Брег, пак, сè уште владее палестинската управа, на чело со претседателот Махмуд Абас.

Инаку, палестинските здравствени власти велат дека во копнената и воздушната кампања на Израел во Газа загинале повеќе од 35.000 луѓе, додека Израел известува дека од 7 октомври минатата година загубил околу 1.400 цивили и војници.