Израел и Хамас се договорија за делумна размена на затвореници, јави телевизијата Ал Арабија.
– Постигнат е договор за размена на палестински жени и деца приведени од Израел за стотина израелски заложници кои ги држи Хамас – соопшти саудиската телевизија.
Веста ја пренесува и саудискиот портал Ал-Хадат.
Сепак, ниту една страна официјално не ги потврдила наводите за размена на затвореници.
Во текот на првите денови од борбите на југот на Израел, според различни извори, Хамас заробил до 250 луѓе. Меѓу нив има и припадници на армијата и цивили.
Како заложници беа земени и државјани на трети земји.