Претседателот на САД, Џо Бајден, денес изјави дека побарал тридневна пауза во Појасот Газа, но и многу подолга пауза од таа за да ги ослободи заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас.
На новинарско прашање дали е „фрустриран“ затоа што премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, не го слушал за работите што ги барал од него, Џо Бајден одговорил дека – „потребно е малку подолго отколку што се надеваше“, пренесува весникот The Guardian.
Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, претходно најави дека Израел секој ден ќе спроведува четиричасовни паузи во борбите во одредени области на северот на Појасот Газа.
Џон Кирби порача дека најавите за паузите ќе бидат објавени три часа пред да започнат, објави американската телевизија NBC News.
„Од клучно значење е хуманитарните резерви и помошта да се прошират во областите каде луѓето бегаат, во овој случај, јужниот дел на Појасот Газа“, порача Џон Кирби.