Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека Иран ќе настрада доколку Хезболах ја ескалира војната со Израел.
Тој на прес-конференцијата изјави дека Израел ќе се спротивстави на Иран „на секој можен начин“ , објави „Џерусалим пост“.
– Иран е с’ржта на злото. Ние дејствуваме против нив секаде и од сите страни – рече Нетанјаху
Малку порано израелскиот министер за одбрана Јоав Галант и членот на воениот кабинет Бени Ганц го одбија барањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва да одржат заедничка прес-конференција со него, пренесоа израелските медиуми.
Извор од Партијата за национално единство на Ганц изјави за веб-страницата Вала дека „нема посебна причина за одржување на прес-конференцијата“.