Израелскиот министер за одбрана Израел, Кац, ги предупреди преостанатите лидери на милитантната група Хамас дека тие се „следни“, откако Тел Авив потврди дека поранешниот лидер Мухамед Синвар е убиен во Појасот Газа пред неколку недели.
„Сега е официјално, убиецот Мухамед Синвар е елиминиран заедно со командантот на бригадата Рафах, Мухамед Шабан, и злобната банда што беше со нив под Европската болница во Газа, и е испратен да го пречека својот брат пред портите на пеколот “, рече Кац, алудирајќи на поранешниот лидер на Хамас, братот на Мухамед Синвар, Јахја Синвар.
Кац предупреди дека Из ал-Дин Хадад, во Газа, и Калил ал-Хаја, во странство, како и сите нивни соработници, се „следни на ред“.
Хадад е командант на Хамас во Газа Сити и де факто највисок функционер во палестинската енклава, а ал-Хаја е член на раководниот совет на Хамас во странство.