Израел повеќе нема да учествува на Евровизија?

Учеството на Израел на овогодинешната Евровизија предизвика низа контроверзии поради конфликтот во Газа, што резултираше со бројни протести во Малме, Шведска. Меѓутоа, сега Израел би можел засекогаш да го напушти ова натпреварување поради сосема други причини.

Како што пренесува шведскиот Афтонбладет, Израел можеби нема да учествува на Евровизија 2025 поради потенцијалниот закон за приватизација на државната телевизија КАН.

Овој закон, предложен од израелскиот министер за комуникации Шломо Кархи, може да доведе до излегување на Израел од Европската радиодифузна унија (ЕБУ), а со тоа и од Евровизија, потврди ЕБУ за „Џерусалим пост“.

Предлог-законот веќе го усвои првото гласање во Кнесетот на 27 ноември, со поддршка на владејачките партии, додека конечното гласање се очекува на почетокот на јануари.

Министерот Кархи не ги коментираше изјавите на ЕБУ за можното исклучување на Израел од натпреварувањето доколку се усвои законот.

Вработените во КАН се против

Вработените во КАН изразија силно противење на предлогот. Уредникот Еран Цикурел ја опиша ситуацијата како „автогол“, особено во контекст на меѓународниот притисок околу конфликтот во Газа.

„Цела година нашите противници се обидуваа да го спречат Израел да учествува на Евровизија, а сега тоа наместо нив го прави министерот Кархи, кој не истиснува“, рече Цицурел.

Израел на Евровизија учествува од 1973 година и со четири победи е една од најуспешните земји во историјата на натпреварувањето.

Минатогодишниот претставник Еден Голан го освои петтото место со песната „Ураган“.