Скоро 14.000 раселени лица од Појасот Газа побараа засолниште во болницата Ал Кудс, втората по големина болница во палестинската енклава
Најмалку 21 лице е повредено во болницата Ал Кудс во градот Газа, во израелските воздушни напади врз населбата Тал Ал Хава, соопшти денеска палестинската Црвена полумесечина.
Скоро 14.000 раселени лица од Појасот Газа побарале засолниште во болницата Ал Кудс, втората по големина болница во палестинската енклава, јавува Си-Ен-Ен.
Црвената полумесечина објави видео на кое се гледа скршено стакло на подот на болницата, додека здравствените работници носат деца, а лекарите се склони кон жена со повреда на ногата.
21 Palestinians sheltering in Al-Quds Hospital in #Gaza injured after israeli bomb blasts shatter its internal glass & part of the ceiling falls pic.twitter.com/AYMUK5Xx7J
— Sarah Wilkinson (@swilkinsonbc) November 3, 2023
– При нападот е скршено внатрешното стакло на болницата и се урнал дел од таванот. Најголем дел од повредените се жени и деца – објави хуманитарната организација на платформата Икс (Твитер).