– Израел понуди да биде домаќин на преговорите за прекин на огнот меѓу завојуваните судански лидери.
„Откако избувнаа борбите, Израел работи преку различни канали за да постигне примирје, а напредокот во разговорите со страните во последните денови беше доста охрабрувачки“, изјави министерот за надворешни работи Ели Коен.
Во соопштението не се дадени други детали освен дека Коен разговарал со завојуваните генерали.
Во февруари, Израел и Судан објавија дека ја завршиле работата на договорот за нормализирање на нивните односи. Формална церемонија на инаугурација беше планирано да се одржи во Картум по завршувањето на транзицијата од воено во цивилно владеење во Судан.
Коен изрази надеж дека напорите за прекин на непријателствата во Судан „ќе придонесат за склучување на историски мировен договор“ во таа африканска земја.