Израелските сили за прв пат употребија вооружениот систем наречен „Железниот убод“. Тие споделија видео од системот кој се користи за уништување на ракетни фрлачи на Хамас.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) веќе започнаа „ограничени“ напади против палестинските напаѓачи и велат дека се насочени кон местата каде што се собираат терористичките одреди на Хамас додека се подготвуваат за поширока израелска инвазија.
Во текот на ноќта имаше напади од тенковски и пешадиски сили. Тоа се напади во кои убиваат одреди терористи кои се подготвуваат за следната фаза во војната, изјави портпаролот на ИД Даниел Хагари.
🇮🇱🇵🇸 The IDF publishes footage of the use of the 120-mm Cardom mortar system with Iron Sting precision mines on targets in the Gaza Strip. #artillery #BREAKING#Gazabombing #evilcabalnetwork pic.twitter.com/PGdDst1DjQ
— C.K (@CK4004933247039) October 23, 2023
Како дел од воздушниот напад, израелската армија и воздухопловните сили употребија оружје „Железниот убод“, опишан како „иновативна и прецизна минофрлачка бомба“.
Драматичната снимка од моментот на испалување на минофрлачот од 120 милиметри, покажува дека тој паѓа пред да дојде во контакт со ракетниот фрлач, експлодирајќи во огромна огнена топка додека остатоците летаат низ воздухот.
Железниот убод ги задоволува потребите на ИД, приспособувајќи ги борбените способности за борба против непријателите скриени во цивилни, урбани средини, истовремено исполнувајќи ги правните и моралните стандарди поставени од државата Израел, рече тогашниот министер за одбрана Бени Ганц во 2021 година.
Употребата на Iron Sting доаѓа откако актуелниот министер за одбрана Јоав Галант рече дека операцијата на ИД за елиминирање на Хамас може да трае со месеци.
Drone footage of Hamas rocket launchers attacked by Israeli Iron Sting guided mortar munition pic.twitter.com/Vss0Um4fNk
— GWAR69 🇩🇰🇺🇦 (@GwarWorin) October 22, 2023
– Ова треба да биде последен маневар во Газа, од едноставна причина што после него нема да има Хамас, рече тој вчера во обраќањето пред воените команданти во штабот на воздухопловните сили во Тел Авив.
Ќе треба еден месец, два, три, но на крајот нема да има Хамас.
Israeli army releases footage of first operational use of ‘Iron Sting’ munition destroying rocket launcher https://t.co/caNo0mZO42
— Fox News (@FoxNews) October 23, 2023
Вашингтон: Прекинот на огнот во Газа ќе биде од корист за Хамас
Соединетите Држави во понеделникот објавија дека доколку Израел прогласи прекин на огнот во Газа, тоа ќе биде од корист за Хамас и дека испратиле неколку воени советници во Израел.
Прекинот на огнот „ќе му даде можност на Хамас да се одмори, повторно да се вооружи и да се подготви да изврши дополнителни терористички напади против Израел“, изјави за новинарите портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
„Можете совршено да разберете зошто Израел не може да ја толерира оваа ситуација, како и која било друга земја која доживеала таков суров терористички напад и се уште е соочена со терористичка закана на својата граница“, рече тој.