– Израел соопшти дека размислува за неколку мерки, вклучително и за „зајакнување“ на илегалните населби на окупираниот Западен Брег откако неколку земји ја признаа Палестина како држава.
Во соопштението доцна синоќа Кабинетот на премиерот рече дека Кабинетот за безбедност дискутирал за чекорите „за зајакнување на населувањето во Јудеја и Самарија“ како одговор на земјите што „еднострано“ ја признале палестинската држава, како и „серија одговори“ против палестинската управа за нејзините „дејства против Израел“ кај меѓународните тела.
„Министерот за одбрана и јавниот обвинител побараа дополнително време за неколку предложени клаузули. Премиерот наложи сите предлози да бидат доставени на гласање на следниот состанок на Кабинетот за безбедност“, се наведува во соопштението.
Според меѓународното право, сите населби на окупираните палестински територии се сметаат за нелегални.
Шпанија, заедно со Ирска и Норвешка, формално ја признаа Палестина како држава од 28 мај, а Словенија го следеше примерот на почетокот на јуни.
Израел уби повеќе од 37.000 Палестинци во Газа од прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври 2023 година, кој однесе 1.200 животи. Офанзивата на Израел предизвикаа хуманитарна катастрофа и процес за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.
Случајот беше поднесен од Јужноафриканската Република, а палестинските власти, исто така, се обидоа да се вклучат во процесот како страна.