Израел се повлече од преговорите за примирје со Хамас, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Израел го отповика својот тим на преговарачи од Катар откако „дојде во ќорсокак во преговорите“, се вели во соопштението објавено од кабинетот на премиерот Нетанјаху.
„Терористичката организација Хамас не го исполни својот дел од договорот, кој вклучуваше враќање на сите жени и деца држени како заложници, во согласност со списокот испратен до Хамас и одобрен од нив“, се вели во соопштението.
Преговарачите биле од израелската разузнавачка агенција Мосад, а во соопштението се наведува дека првиот човек на агенцијата Дејвид Барнеа бил тој што го отповикал тимот.
Со помош на странско посредништво, беше постигнат договор меѓу Израел и Хамас што доведе до седумдневна пауза во борбите и ослободување на израелските заложници во замена за палестинските затвореници.
Прекинот на огнот започна на 24 ноември и беше обновен двапати пред да заврши во петокот наутро.