– Израелската Влада, со цел да го зајакне своето влијание врз окупираниот Источен Кудс, го претстави буџетскиот план што треба да се однесува на следните пет години.
Според соопштението објавено од Владата, буџет од 3,2 милијарди израелски шекели (843 милиони долари) е наменет за инвестиции во Источен Кудс помеѓу 2024 и 2028 година.
Во соопштението се вели дека целта на оваа иницијатива е да се одговори на социјалната нееднаквост и да се промовира економскиот развој во Источен Кудс.
Во врска со планот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека „одлуката ќе го промени ликот на Кудс“.
Нетанјаху нагласи дека тоа ќе придонесе за зголемување на бројот на оние кои добиваат диплома за средно образование.
Палестинската наставна програма, наречена „тавџихи“, се изучува во училиштата во Источен Кудс, што води до диплома за средно образование. Меѓутоа, Израел сака учениците да учат по израелската наставна програма.
Палестинците кои живеат во окупираниот Источен Кудс се борат со обидите на Израел да ја промени наставната програма и покрај нивните напори да ја зачуваат.