Изречени 38 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици 

– Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 06:00 до 10:00 часот на територијата на државава е спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици.

Како што информираат од МВР, при контролата се санкционирани 38 возачи поради сторени сообраќајни прекршоци, а 13 возила биле упатени на вонреден технички преглед.

– Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, се наведува во соопштението од МВР.