Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 800 возачи.
Како што информираат од МВР, од нив 44 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 506 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 294 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.