Изјава која го потресе целиот Балкан: Таткото на уапсениот хулиган на Динамо со една реченица предизвика лавина негативни реакции кај навивачите (видео)

Таткото на еден од уапсените членови на навивачката група „Бед Блу Бојс“, во врска со убиството на 29-годишниот навивач на АЕК, за хрватските медиуми опишал како се одвивал разговорот со неговиот син, откако бил сместен во грчки затвор.

,,Ме повика син ми од затвор, 21 година има тој. Нормално мирно момче, првпат во животот видов дека е многу вознемирен. Ми рече: Tато, види, нема да излезам жив од овде , ме ставија во затвор со убијците од АЕК. Штом дојдов ме опколија, ми покажаа дека ќе ми ја отсечат главата, рекоа нема бел ден да видиш, ќе те силуваме, ќе те убиеме. Ве молам направете сè што можете некако да ме изолирате“, изјави за ХРТ таткото на хулиганот, Роберт Жигa.

По ова „плачење“ на таткото, хрватските фанови за кратко време лансираа лавина негативни коментари и реакции.

,,Мислам дека многу добро го познаваш својот син“, „Ќе го добие тоа што го барал, животна лекција“, „Замислете какви се последиците од неговите постапки.” ,,Требаше подобро да го воспитате“, се само дел од коментарите.

Други, пак, го коментираа деталот во изјавата кога таткото рече дека син му е многу смирен: „Мирно момче… А каде отиде и со каква цел… Браво родители“, „Требаше порано да го воспитате , ќе беше помирен”. „Беше многу мирен додека дивееше во Грција”, гласеа некои коментари упатени до родителите на уапсениот син.