Браќата Абдул Рашид и Илија Хашим од Пакистан боледуваат од мистериозна и многу ретка болест. Момчињата дење изгледаат здраво и се многу активни, но навечер се претвораат во нешто што ниту еден лекар не може да го објасни. Како што заоѓа сонцето, тие стануваат како растение – целосно парализирани и не можат да зборуваат.
Ова е страшна, но вистинита приказна за две момчиња кои страдаат од ретка болест. Во текот на денот тие се многу активни момчиња, но кога сонцето заоѓа, тие стануваат како растенија – целосно парализирани и не можат да зборуваат.
Таткото ги нарекува „сончеви деца“, тврдејќи дека тие црпат енергија од сонцето.
Сепак, ова теза беше отфрлена откако момчињата беа видени како се движат преку ден во темна просторија, студена област или за време на дождливи денови кога нема сончева светлина.
– Овој случај е голем предизвик за нас. Лекарите се обидуваат да ја откријат причината за оваа чудна состојба – вели Џавед Акрам, професор по медицина на пакистанскиот институт за медицински науки. Тие ги подложувале момчињата на различни тестови, земале крв, како и примероци од воздух и земја од околината. Сè пратија на експерти во странство. Нивниот татко е очаен.
Никој не можел да им помогне на двете момчиња да водат нормален живот. Дури и со 300 различни тестови, лекарите веруваат дека тоа е генетика, бидејќи роднините на нивните родители, со шест деца, починале многу мали, додека нивната ќерка останала здрава.
„За жал, и денес нема лек за оваа болест и лекарите очајнички се обидуваат да ја откријат причината за оваа состојба. Благодарение на лековите, момчињата можат да останат активни до 22 часот, кога ќе станат парализирани. Сега се многу подобри и верувам дека еден ден ќе бидат целосно излечени, како што ќе напредува нивното лекување“, вели нивниот татко.