Американскиот милијардер и сопственик на компаниите X (Twitter), Tesla и Space X, Илон Маск , пристигна денеска со авион во Тел Авив.
Според Ројтерс, Маск ја започнал својата посета за време на која израелските лидери ќе се обидат да го свртат вниманието на светот кон маките на заложниците кои ги држи Хамас во разурнатиот од војната Појасот Газа и да го истакнат прашањето за растечкиот антисемитизам на Интернет.
Израелскиот претседател Исак Херцог во неделата потврди дека ќе се сретне со Маск, а според израелските медиуми Маск ќе се сретне и со премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Маск неодамна изјави дека се противи на антисемитизмот и се што „промовира омраза и конфликти“ и повтори дека Платформата Х нема да промовира говор на омраза.
Исто така, министерот за комуникации рече дека Маск се согласил да не го активира „Старлинк“ над Газа без дозвола на Израел.
„Старлинк“ е систем кој овозможува пристап до Интернет низ целиот свет, особено во руралните и изолираните региони каде што интернет терминалите и каблите не се толку силни.
Нетанјаху му го покажа на Маск уништениот кибуц
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му го покажа на милијардерот Илон Маск кибуцот Кфар Аз, каде што наводно загинале најмалку 20 луѓе.
На Маск му се обратиле претседателот на локалниот совет како и претставник на израелските одбранбени сили.
Му ја покажале и куќата на Офир Либштајн, убиениот шеф на обезбедувањето на таа заедница.
По тој повод, милијардерот ја слушнал и приказната за малото девојче Авигејл Ајдан, кое на 7 октомври беше киднапирано и однесено во Газа. Во текот на викендот Хамас ја ослободи во размена на заложници и затвореници.