Откако најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Лоренцо Музети во полуфиналето на Олимписките игри, тој ги крена сите на нозе со објава на социјалните платформи.
-Овој сон траеше долго и за него се борев. Толку долго сакав да се натпреварувам во олимпиското финале. Претставувањето на мојата земја на глобален настан е огромна привилегија и чест што ја негувам. Србија во недела ќе има медал!!! Ideeeemooooo – напиша Ѓоковиќ, а на неговите зборови не остана имун ниту сопственикот на оваа платформа и најбогатиот човек на светот, Илон Маск.
Под објавата на Новак остави два емотикона – два „огна“ и на тој начин му даде поддршка во својата борба за златен медал.
Со оглед на тоа што во 2008 година освои бронза во Пекинг, ова е втор медал за Србија на Олимписките игри за Новак.
Тој во недела од 14 часот ќе се бори за златото со Карлос Алкараз и доколку победи ќе стане само петтиот играч кој го постигнал златниот слем во кариерата.
Ова престижно достигнување вклучува освојување на сите четири Грен слем турнири и златен олимписки медал во поединечна конкуренција. Ова досега им успеало само на Штефи Граф, Андре Агаси, Рафаел Надал и Серена Вилијамс.