Илон Маск го поддржа Ѓоковиќ, па доби одговор: Хит преписката помеѓу Новак и најбогатиот човек на светот

Најдобриот тенисер на сите времиња, според многумина најдобриот спортист на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, успешно ја мина пречката во осминафиналето на Австралија Опен и го закажа „финалето пред финалето“ со Карлос Алкараз во четвртфиналето.

Но, она што го одбележа натпреварот беше интервјуто на Новак по натпреварот, кога тој одби да одговори на прашањата на Џим Куриер и само ги поздрави навивачите.

Подоцна, Новак објасни зошто го направил тоа и дека тоа е револт поради скандалозното однесување на ТВ водителот Тони Џонс, кој скандалозно го исвиркуваше Новак пред српските фанови, а кој е вработен во Канал 9, кој е и носител на телевизиските права во Австралија.

Многу луѓе застанаа на страната на Новак, а меѓу нив е и најбогатиот човек на светот – Илон Маск, кој го поддржа преку социјалната мрежа Х.

Маск го сподели видеото на Новак каде објаснува зошто решил да не дава интервју на теренот и го поддржал во тоа.

– Подобро е директно да се зборува со јавноста отколку да се помине низ негативниот филтер на медиумите – рече Маск.

Набрзо стигна и одговорот на Новак кој ја цитираше неговата порака и рече дека е вистина.