Илон Маск: “Имиграцијата не може да го реши падот на населението“

„Имиграцијата не може да го реши падот на населението во индустријализираните земји“, изјави денес Илон Маск, бизнисмен и сопственик на социјалната мрежа Х (Твитер), на политичкиот состанок „Атреја“, организиран од партијата Браќа на Италија, на чие чело е премиерката на оваа земја, Џорџија Мелони.

Илон Маск ја наведе Кина како пример, тврдејќи дека земјата ќе изгуби 40 отсто од населението.

Мојот совет до светските лидери и сите луѓе е да се погрижат да имаат деца за да создадат нова генерација“, порача еден од најбогатите луѓе во светот, предупредувајќи дека културите на земјите како Италија, Франција и Јапонија се изложени на ризик да исчезнат.

Една од главните цели на Владата на Џорџија Мелони е да го врати падот на населението во Италија, а нацрт-законот за буџетот за 2024 година содржи неколку мерки за поддршка на семејствата со деца.

Илон Маск нагласи дека Италија е добра земја за инвестиции, но дека компаниите се прашуваат дали има доволно луѓе за работа.

Илон Маск, инаку, има единаесет деца со три различни жени.

Илон МаскИталијаполитикаЏорџија Мелони