Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, на 28 ноември го прослави Денот на благодарноста во интересно друштво.
Трамп го прослави празникот во својот приватен клуб Мар-а-Лаго на Флорида, а беше придружуван од милијардерот Илон Маск .
Тие танцуваа во ритамот на ИМКА
Секако, на прославата се приклучија и сопругата на Трамп, Меланија и нивниот син Барон. Во еден момент беше пуштена хит песната YMCA на која заедно танцуваа Трамп и Маск,
Неименуван извор открил за Page Six дека на забавата бил и холивудскиот актер Силвестер Сталоне.
“Сталоне дојде околу 20:00 часот. Семејството Трамп пристигна околу 18:45 и замина во 21:15. На вечерата имаше 300 луѓе и сè беше отворено за членовите на клубот и нивните гости”, објаснил изворот.
Раскошна вечера
„Тоа беше раскошно шведска маса со мисирка и сите украси, апсолутно сè што можете да замислите. Масите беа украсени со аранжмани на есенски бои“, опишал извор на Page Six.
Трамп наводно ги забавувал другите за време на вечерата преземајќи ја улогата на диџеј.
Инаку, цената на билетот за оваа свечена манифестација беше 350 долари.