Маск во 2021 година го пресели и седиштето на Тесла од Калифорнија во Тексас.
Сопственикот на Твитер, Илон Маск, најави дека седиштето на компанијата би можело да биде преместено од Сан Франциско.
Маск се обрати на онлајн самитот на CEO-советот на Волстрит џурнал.
Запрашан дали Твитер ќе го смени седиштето, Маск рече дека седиштето на компанија веројатно нема засекогаш да биде во Сан Франциско.
Откако Маск го презеде Твитер, отпуштени се 80 отсто од вработените, а во јавност се појавија и фотографии на кои се гледа како седиштето на Твитер е претворено во хотелски соби.
Имено, поранешните вработени во Твитер тврдат дека Маск ги претворил испразнетите канцеларии на отпуштените вработени во хотел за персоналот кој работи до доцна во ноќта.
Поранешни вработени тврдат дека во зградата се направени нелегални аранжмани, а градските власти на Сан Франциско почнаа да ги испитуваат овие тврдења.
Маск во 2021 година го пресели и седиштето на Тесла од Калифорнија во Тексас.