ИЛОН МАСК САМО СО ЕДЕН ПОТЕГ ГО НАЛУТИ ИЗРАЕЛ – Владата на Бенјамин Нетанјаху експресно му одговори

Израел соопшти дека ќе се бори против ветувањето на Илон Маск дека ќе обезбеди сателитска услуга Starlink на хуманитарните организации во Појасот Газа. Министерот за комуникации на Израел, Шломо Кархи, напиша на социјалните мрежи дека Хамас ќе користи таква сателитска услуга за терористички активности.

Можеби Илон Маск би можел да даде услов, да им понуди сателитска услуга во замена за ослободување на киднапираните бебиња, синови, ќерки, постари лица… А дотогаш мојата канцеларија ќе ги прекине сите врски со Starlink“, најави Шломо Кархи, како што пренесува CNN.

Милијардерот Илон Маск порача дека услугата Starlink на компанијата SpaceX ќе ги поддржува комуникациските врски во Појасот Газа со помош на меѓународно признати хуманитарни организации.

Илон Маск одговори дека ќе ја поддржи употребата на Starlink исклучиво за хуманитарни цели и дека ќе има безбедносна проверка со американската и израелската Влада пред да се воспостават врски, но дека досега не се воспоставени никакви врски со Појасот Газа.

Прекините телефонски и интернет врски ги изолираа луѓето во Појасот Газа од светот и едни од други во саботата, а повиците до најблиските, службите за итни случаи или колегите беа речиси невозможни откако Израел го прошири својот воздушен и копнен напад. 

војнаИзраелИлон МаскИнтернетПалестинаПојас ГазаХамас