Илон Маск се повлекува од функцијата прв човек на социјалната мрежа Твитер: Милијардерот пронашол наследничка, но не откри која е таа

Илон Маск во четвртокот објави дека се повлекува од функцијата извршен директор на социјалната мрежа Твитер бидејќи нашол наследничка која ќе стане нова извршна директорка за околу шест недели одсега.

Илон Маск сепак јавно не го спомна и не го објави нејзиното име.

На крајот на 2022 година, Илон Маск објави дека планира да се повлече од челната позиција на социјалната мрежа Твитер, но само кога ќе најде и назначи соодветен наследник.

Милијардерот стана извршен директор на социјлната мрежа откако во октомври ја купи оваа популарна интернет платформа за околу 44 милијарди евра, но веднаш стави до знаење дека тоа не е трајно решение.

Илон Маск е сопственик на компанијата за електрични возила Tesla и компанијата SpaceX за производство на вселенски летала.

Периодот што го помина како извршен директор на социјалната мрежа Твитер беше обележан со хаос и контроверзии, наведува медиумската агенција dpa.

Илон МаскТвитер