“ИЛЈАДНИЦИ РУСКИ ВОЈНИЦИ ЗАГИНАА!“ – Москва плаќа голема човечка цена во нападот врз Бахмут

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека до 210 украински војници биле убиени во поширока област на Доњецкиот фронт.

Министерството за одбрана на Украина во саботата објави дека нивните сили одбиле „повеќе од 100 непријателски напади“ во текот на изминатиот ден долж источниот фронт.

Украинската вицепремиерка Олга Стефанишина во интервју за францускиот весник Journal ја нагласи човечката цена на рускиот напад врз Бахмут.

Илјадници руски војници загинаа со голема брзина во таа битка“, изјави таа.

Но, дури и ако заземе мал град, тоа нема да влијае на стратешките коридори што сè уште ги контролираме во регионот“, тврди таа.

војнаДоњецкОлга СтефанишинаРусијаУкраина