Американскиот претседател Доналд Трамп откри дека барањата на Америка стигнале до рускиот претседател Владимир Путин.
Трамп рече дека имал „многу добар и продуктивен“ разговор со рускиот претседател Владимир Путин, тврдејќи дека „има големи шанси на оваа ужасна, крвава војна конечно да и’ биде ставен крај“.
Според Трамп, тој побарал од Путин да ги поштеди животите на украинските војници стационирани во регионот Курск.
Тој рече дека шансите за решавање на ситуацијата околу Украина се многу добри.
„Силно побарав од претседателот Путин да ги поштеди нивните животи”, напиша Трамп на својата социјална мрежа Вистина.
Исто така, важно е да се забележи дека, иако тоа се чини од неговата објава, Трамп не разговарал директно со Путин, туку неговиот пратеник Стив Виткоф.