Поранешната танчерка од тимот на Бруклин Нетс, атрактивната Американка Џен Руфо, даде шокантна исповед која ја разбранува јавноста.
Имено, таа откри како спиела со неколку играчи на споменатиот НБА тим и покрај тоа што нејзиниот договор го забранувал тоа.
„Не смеете да контактирате со играчите според договорот, но мислам дека играчите немаат таква ставка во договорите и можат да прават што сакаат. Во секој случај го направив тоа. Не ни дозволуваат да го направиме тоа бидејќи мислат дека сексот ни го одзема талентот. Не го делам тоа мислење. Можам да бидам талентирана и активна во кревет“, изјавила Џен Руфо, додавајќи дека не сакала да именува за кои кошаркари станува збор: „Имав врски со неколку кошаркари на Бруклин Нетс додека танцував таму четири години. Не сакам да споменувам имиња, но тие не беа играчи на клупата, туку ѕвезди“.
Џен Руфо танцувала за Бруклин Нетс околу четири години од 2011 до 2015 година, а сега цела планета се прашува – со кои кошаркари спиеле со „жешката“ Американка.