Светлана Цеца Ражнатовиќ доживеа една од најсилните љубови со Жељко Ражнатовиќ, со кој ја спои Оливер Драгојевиќ. Малку се знае за приватниот, а особено љубовниот живот на Жељко Ражнатовиќ Аркан пред бракот со Светлана Цеца Ражнатовиќ, а интересот не стивнува ниту две децении по неговата смрт. Познато е дека многу познати убавици паднале на неговиот шарм, но Цеца била единствената која успеала засекогаш да му го украде срцето, а во неа бил вљубен до смрт.
Среќниот момент меѓу Цеца и Аркан се случил на 2 ноември 1993 година во хотелот „Интерконтинентал“. Светлана била жената во која „командантот“ се заљубил на прв поглед, барем така тврди таа.
Двајцата имаа две деца, синот Вељко и ќерката Анастасија, но на почетокот не беше сè така лесно.
„И двајцата сакавме деца. Имав само 22 години кога открив дека имам проблем да забременам, па отидов во болницата „Народни фронт“ на ин витро оплодување. Мојот покоен сопруг ме поддржа и беше со мене во целата програма, иако беше очигледно дека тој нема проблем, бидејќи веќе имаше седум деца“, изјави пејачката кој во 1995 година ги роди синот Вељко, а три години подоцна ќерката Анастасија.
Идилата беше прекината кога Жељко беше убиен на 15 јануари 2000 година во тогашниот хотел „Интерконтинентал“.
„Тоа е најлошиот и најтешкиот момент во мојот живот. Се обидов да ги потиснам тие трауматични слики, но тие и денес ми се пред очи. Тешко ми е да зборувам за убиството на таткото на моите деца. Жељко е присутен во нашите животи секој ден често зборуваме за него.Тој е човекот кој ми го одбележа животот“, призна Цеца.
„Жал ми е што Вељко и Анастасија не се сеќаваат на него. Беа бебиња кога го изгубија, Анастасија имаше година и пол, а Вељко три. Ги погодува кога ќе прочитаат нешто грдо за него, но тоа не може да се спречи – научија да живеат со непријатни ситуации. Многу им недостига, особено во некои важни моменти, како свадбата на Вељко и раѓањето на неговиот син, кој го доби името по него“, изјави Ражнатовиќ