Имала најголеми гради во осумдесеттите: Еве како изгледа денес пејачката, за која Србите сечеле вени (ФОТО)

Кога се појави на музичката сцена во осумдесеттите години, Сабрнија Салерно го хипнотизираше машкиот дел од публиката на своите настапи со својот провокативен изглед. Таа се сметаше за пејачка со најголеми гради на европската музичка сцена.

Италијанската пејачка Сабрина Салерно го достигна врвот на музичките листи во Франција и Швајцарија со песната „Boys (Summertime Love)“, но и со секси видео во кое го покажа целиот шарм на своите облини.

Во познатото видео, Сабрина се бања во мокра маица и дводелен костим за капење.

– Целата приказна е скриена зад таа маица. Видеото е снимено за можеби најмногу 15 минути – рече Сабрина и призна дека всушност требало да се работи за снимање краток клип за телевизиска емисија, а не за видео.

Таа не ги криеше своите „женски атрибути“, поради што видеото беше постојано цензурирано од Јутјуб.

– Воопшто не ги видов фотографиите од снимањето, а кога ги видов, многу му се налутив на режисерот. Му реков дека градите ми се премногу видливи – призна таа.

Но, токму нејзините гради ја направија славна.

Сабрина стана секс симбол не само на Италија, туку и на целиот свет, а тоа го докажува фактот што едно француско списание ја прогласи за најубава жена на светот. Нејзините гради отсекогаш биле во преден план, и порано и денес, и тоа е една од причините зошто мажите сè уште се луди по неа.

Сабрина Салерно

Освен со пејачката кариера, која ја донесе во фокусот на медиумите и јавноста, таа се занимаваше и со манекенство, глума и водење емисии на телевизија. Во 1980 година, оваа атрактивна дива победи на натпревар за убавина и тоа ја охрабри да почне да се занимава со манекенство. Пред повеќе од 30 години, во 1987 година, таа го издаде својот прв албум „Сабрина“ и токму песната од тој албум ѝ донесе слава.

„Boys (Summertime Love)“ стана огромен хит. Дури и во Велика Британија го зазеде солидното трето место. Тоа не беше единствената песна што ја направи позната – некои други се „My Chico“, „Like a Yo-Yo“ и „Gringo“. Во нејзината кариера, таа имаше и одлични соработки – во 2010 година, таа сними дует со познатата американска пејачка Саманта Фокс (55), преработка на хитот на Блонди „Call me“. Сабрина беше таа што често ја нарекуваа „италијанската Саманта Фокс“, па затоа оваа соработка привлече големо внимание.

Сабрина Салермо сè уште изгледа добро, барем судејќи според фотографиите што ги објавува на својот Инстаграм профил. 

Таа ја одржува својата витка линија со вежбање до четири пати неделно и, секако, со правилна исхрана. Тој вели дека консумира многу малку јаглехидрати, но дека ужива во големи количини овошје и зеленчук.