И покрај генетското нарушување, таа е активна од малите екрани, социјалните мрежи, па се до модната писта…
За Мелани Гејдос (34) оправдано може да се тврди дека е храбра жена која влезе во светот на модата и засекогаш ја промени нејзината историја и перцепција за убавината.
Оваа млада Американка има ретко генетско нарушување наречено ектодермална дисплазија .
Симптомите на оваа генска деформација се различни, а кај Мелани болеста се манифестирала со губење на забите, ноктите, косата, деформација и стагнација во растот на коските и ‘рскавицата .
Гејдосова како дете често била жртва на насилство и потсмев поради различниот изглед. Имала повеќе од 40 операции за хирурзите да и го „поправат“ лицето. Меѓутоа, денес сè е поинаку. Мелани се чувствува добро во своја кожа, се прифати таква каква што е и повеќе нема желба да оди „под нож“ и да промени нешто на себе.
Фото: Instagram/printscreen/melaniegaydos
Порано не поднесувала да се фотографира, но кога студирала уметност, тогашното момче ја убедувало да ги испрати нејзините слики на адреси на некои професионални фотографи. Се случи некои да бидат целосно воодушевени од нејзиниот уникатен изглед.
Мелани денес е една од најплатените манекенки и актерки. Таа дури се појави и во спотот на светски познатиот бенд Рамштајн. Оваа девојка ужива голема популарност и на социјалните мрежи и на малите екрани.