Американската пејачка конзумирала алкохол и апчиња, тежела 108 килограми, а денес изгледа непрепознатливо
Американската пејачка Џесика Симпсон на своите фанови на социјалните мрежи им покажа како и стои јакната што ја носеше како навивачка во осмо одделение во основно училиште. Воедно, таа покажа и колку килограми изгубила откако го родила третото дете во 2019 година.
Имено, таа од септември 2022 година ослабела 45 килограми, а оваа информација ги загрижи нејзините обожаватели.
„Што ти се случи во последните неколку месеци? Нешто не е во ред“, „Веќе не личиш на себе, тажно“, „Ова е загрижувачко“, „Сигурен сум дека не е многу здраво да се вклопи во нешто што го носиш, осмо одделение… Сега си возрасна жена“, беа само дел од коментарите на следбениците на Инстаграм.
Да потсетиме, Џесика извесно време користела алкохол и апчиња, а по третата бременост имала 108 килограми кои можеле да и го загрозат здравјето. Затоа, по породувањето во март 2019 година, таа се обрати за помош кај долгогодишниот тренер Харли Пастернак. Три бремености за осум години оставиле трага на нејзината линија, а сакала да изгледа како порано.
Џесика Симпсон има три деца; 10-годишниот Максвел, 9-годишниот Ејс и 3-годишната ќерка Бирди Меј.