Првата сопруга на Јосип Броз Тито била Русинка и имала само 14 години кога се омажила за него.
Со името на Јосип Броз Тито се поврзуваат бројни жени , а на многумина најпозната е неговата трета сопруга Јованка Броз. Меѓутоа, маршалот имал пет жени, од кои со три бил оженет, додека со две имал деца.
Иако голем број жени се поврзуваат со името на Тито , официјалната историографија споменува само четири жени, додека неговиот краткотраен брак од 1936 година ретко се споменува. Она што е интересно е дека сите сопруги на Тито биле многу помлади од него и претежно биле од различна националност, па така првата жена на Тито била Русинка, втората Словенка, третата Германка, а четвртата и петтата биле Србинка.
Првата сопруга на Тито била Русинката Пелагија Белушова , а интересно е што се омажила на 14 години.
Како се запознале
Тито бил во Русија како заробеник на Царската руска армија за време на Првата светска војна, а во 1915 година бил тешко ранет на Источниот фронт. За време на неговото закрепнување во Омск, ја запознал младата Пелагија, која е родена во селско семејство во селото Михјаловка кај Омск.
Пред да го добијат синот Жарко на 2 февруари 1924 година, три од нивните деца починале. Во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, Пелагија се занимавала со домаќинство и семејство, а извесен период работела и во фабрика за мебел.
Станала член на Комунистичката партија на Југославија во 1926 година, учествувала на демонстрации и неколку пати била апсена. По апсењето на Тито во 1926 година, таа се вратила во Советскиот Сојуз со нејзиниот син.
Пелагија и Тито официјално се развеле во 1936 година, а тој се оженил со Германка само половина година подоцна во Москва.
Пелагија се премажила по разводот, а подоцна била уапсена. Кога се вратила од егзил, повеќе не живеела во Москва, а дури во 1966 година дознала дека нејзиниот син Жарко е жив. Пред да почине, ја посетил нејзиниот син, кој тогаш за прв пат ја запознал сестра му Нина, од вториот брак на мајка му.
Пелагија почина во Москва на 12 април 1967 година, а нејзината урна беше ставена на гробиштата Новдевич во Москва.
Да потсетиме, Јованка Броз беше последната сопруга на Тито, а неодамна беше откриена тајната на нејзината пунџа , фризурата што ја носеше до крајот на животот .