Миракл Поуг (24) е во брак со Чарлс Поуг којшто е постар од неа дури шеесет и една година. Разликата во годините на партнерите повеќе не може да се нарече табу-тема, но кога станува збор за разлика од 61 година не може, а да не се подразмисли за неа.
Имено, Миракл Поуг (24) е во брак со шеесет и една година постариот Чарлс Поуг (85) којшто го запознала во 2019 година додека работела во една перална а во Мисисипи. Агентот во пензија Чарлс, штом ја здогледал ѝ дал знак дека е заинтересиран за неа, а една година подоцна се одлучил да ја запроси.
„Чарлс доаѓаше и бараше од мене само да го услужам. Еден ден тој едноставно дојде и го фрли ливчето со неговиот телефонски број на пултот, како некој заводник. Тој беше мојот витез во блескав оклоп. Знаев дека е постар маж, но не знаев колку точно. Кога дознав, веќе беше предоцна – тој беше моето момче и не си одеше никаде“, раскажува Миракл, а пренесува „Дејли Мејл“.
Она што ги изненади многумина, е фактот што нејзиното семејство не се противеше на нивната врска, освен таткото на Миракл, Карим Филипс (47), кој од самиот почеток изречно се спротивстави.
На дедо ми му беше важно јас да сум среќна, а татко ми на почетокот велеше: „Никако, нема шанси“. Беше потребно многу време за да го убедам, но му кажав дека доколку не дојде на мојата венчавка, ќе ме изгуби засекогаш“, призна Миркал и додаде дека нејзиниот татко на крајот го прифатил Чарлс и ја испратил до олтарот на нивната венчавка која се случи во јули минатата година.
И покрај тоа што секојдневно се соочува со негативни коментари на социјалните мрежи, парот е одлучен во својата намера да основа семејство.
„Сакам тој да има потомци, со оглед на тоа дека нема деца. Ги истражуваме можностите на вештачко оплодување и разговараме за опциите. Кога за прв пат ја посетивме „IVF“ клиниката, се почувствувавме како да нè осудуваат, но сега единственото нешто кое е важно е да добијам бебе“, додаде Миракл.
Осудувањата за основање на семејство не се единствените со кои се соочуваат, тука се оние кои ја нарекуваат Миракл спонзоруша и велат дека е во брак со Чарлс само поради парите, иако како што вели таа, финансиски е независна и работи како медицинска сестра.
„Луѓето ги спомнуваат финансиите, но јас сум медицинска сестра. Започнав со студиите кога го запознав. Ќе бидам добро и без него, но среќна сум поради тоа што тој ме одбра мене“, вели Миракл.
И покрај тоа што нивната врска честопати е мета на критики, а луѓето честопати ги нарекуваат татко и ќерка, па дури и дедо и внука, а Миракл вели дека разликата во годините во нивната врска се забележува само кога станува збор за современата технологија.
„Сакам да се шегувам со него околу технологијата. Јас го фотографирам чекот и го уплаќам на мојата сметка, а Чарлс нема ниту банкарска картичка. Благослов е да имаш некој со кој можеш да разговараш и на кого можеш да му веруваш. Знам дека нашата врска им изгледа чудно на луѓето, но тој ме има мене а јас него. Тоа е единственото важно нешто“, изјави Миракл.