Имате проблеми со спиењето? Само една непроспиена ноќ предизвикува стареење на мозокот до две години

Спиењето е од суштинско значење за нормални физички и ментални функции

Сè поголем број луѓе имаат проблеми со спиењето, а најчесто пореметување е несоницата. Поради недоволно спиење, се јавува чувство на исцрпеност и замор, а со тоа и намалување на продуктивноста при секојдневните задачи.

Истражувањата покажаа дека дури една третина од возрасните во Велика Британија барем еднаш доживеале несоница или други проблеми со спиењето. Сепак, најновата студија покажува дека непроспиените ноќи може да имаат уште посериозно влијание врз нашиот мозок, пишува antenazadar.hr.

Резултатите од новото истражување беа објавени во списанието „Journal of Neuroscience“ и беше откриено дека недостатокот на сон може да предизвика стареење на мозокот. Благодарение на податоците дошле до заклучок дека само една ноќ без сон кај некои луѓе предизвикува стареење на мозокот и до две години, а предизвикува и значителни промени во структурата на мозокот, пренесува antenazadar.hr.

Студијата анализирала податоци од магнетна резонанца од 134 здрави учесници на возраст меѓу 19 и 39 години кои имаат различни навики за спиење. Беше вклучена и контролна група чии учесници спиеја по осум часа секоја вечер.

Конвергентните наоди покажаа дека акутната целосна загуба на сон ја менува морфологијата на мозокот и влијае на стареењето кај младите учесници, а со тоа ги потврдија претходните истражувања кои покажаа дека спиењето е од суштинско значење за нормалните физички и психолошки функции, пренесува antenazadar.hr.