Лејди Гага направи незаборавен спектакл во Рио — го отвори концертот во огромен фустан од кој луѓето излегоа, оставајќи ја публиката во шок.
Поп-иконата Лејди Гага уште еднаш го оправда статусот на најпровокативен уметник денес со спектакуларен почеток на бесплатниот концерт во Копакабана во Рио де Жанеиро , кој собра рекордни 2,1 милиони луѓе.
Публиката остана без здив кога Гага се појави на сцената во џиновски фустан под кој се криеја луѓе.
Како вовед во нејзиниот настап и промоција на новиот албум Mayhem, Гага изведе настап што никој не го очекуваше.
Масивна креација што личеше на театарска завеса покриваше дел од сцената, а кога музиката почна, танчерите и уметниците полека почнаа да излегуваат од „фустанот“, предизвикувајќи лавина од аплауз и неверица.
Обожавателите, или како што таа ги нарекува, „Мали чудовишта“ пристигнаа неколку часа порано, облечени во костими инспирирани од нејзините хитови. Многумина рекоа дека дури и претходниот спектакл на Мадона не бил толку театарски и емотивен.
Денот пред концертот, Гага ги изненади присутните на плажа со јавна проба, кога помеѓу песните емотивно кажа колку ѝ недостигаат нејзините обожаватели
.