„Имаше модринки на рацете и беше бледа! Кралицата Елизабета Втора не умрела од старост?

Британската кралица Елизабета Втора почина на 8 септември 2022 година во замокот Балморал во Шкотска, а нејзиното заминување означи крај на една ера. Во последните месеци од животот, кралицата се соочила со сериозни здравствени проблеми, вклучително и форма на рак на коските, како што потврди и поранешниот британски премиер Борис Џонсон во своите мемоари.

Британската кралица Елизабета Втора почина на 8 септември 2022 година во замокот Балморал во Шкотска, на 96-годишна возраст. Две години по нејзината смрт, кралот Чарлс за прв пат се наврати на нејзините последни денови.

– Мојата покојна мајка особено го ценеше времето поминато во Балморал и токму таму, во нејзиното омилено место, избра да ги помине последните мигови – изјави 
Чарлс при неодамнешната посета на Шкотска.

Своите спомени од последните денови на кралицата ги сподели и поранешниот британски премиер Борис Џонсон. Тој ја посети кралицата на 6 септември 2022 година, два дена пред нејзината смрт, кога го завршуваше својот мандат како премиер, а потоа кралицата ја пречека Лиз Трас како нов премиер.

Во своите мемоари, кои наскоро ќе бидат објавени, Џонсон ја опиша својата последна средба со кралицата, откривајќи нови детали за причините за нејзината смрт. Иако официјално беше кажано дека кралицата починала од природна смрт, Џонсон тврди дека знаел за нејзината здравствена состојба.

– Знаев повеќе од една година дека има форма на рак на коските. Нејзините лекари биле загрижени дека нејзината состојба нагло може да се влоши. Тој ден таа беше бледа и нејзиното држење беше понаведната од вообичаено, а имаше темни модринки на рацете и зглобовите, веројатно од инјекциите   , напиша Џонсон.

Сепак, и покрај нејзината состојба, Џонсон истакна дека умот на кралицата бил неверојатно јасен за време на последната средба. Два дена подоцна, кога цела Британија дозна за нејзината загуба, јавноста беше изненадена кога беа откриени нови детали за нејзиното здравје, верувајќи дека семејството криело важни информации за здравјето на кралицата.

 

За последните денови на кралицата проговори и принцезата Ана, сестрата на кралот, која истакна дека Елизабета Втора се чувствувала најсреќна во замокот Балморал. Според неа, кралицата била загрижена дека умирањето во Шкотска би можело да биде покомплицирано отколку да се случи во Лондон или Виндзор.

– Мислам дека имаше момент кога почувствува дека ќе и биде потешко ако умре во Балморал. Се обидовме да ја убедиме дека тоа не треба да биде дел од процесот на одлучување. Се надевам дека на крајот почувствува дека е правилно и остана во Балморал – изјави принцезата Ана во документарецот на Би-Би-Си.

Љубовта на кралицата кон замокот Балморал беше добро позната. Поголемиот дел од своите лета го поминувала на имотот, кој го посетувала како дете со нејзиниот дедо, кралот Џорџ V и кралицата Мери, до нејзините последни месеци. Таа често доаѓала таму со сопругот Филип и децата.

Во овој прекрасен имот, кралицата помина значајни моменти од последните години. Таа и принцот Филип останаа во Балморал за време на заклучувањето поради пандемијата СОВИД-19 и таму ја прославија 73-годишнината од бракот.

Балморал е една од кралските резиденции, во сопственост на британското кралско семејство од 1852 година, кога принцот Алберт, сопруг на кралицата Викторија, го купил имотот и замокот од семејството Фаркухарсон.