Албанскиот играч за врска на Трабзонспор, Енис Барди, даде долго интервју за магазинот на турскиот клуб во кој настапува, фокусирајќи се на споредбите со Лео Меси, во времето кога и двајцата играа во Примера.
Трабзонспор е трет во поредокот и има добри шанси следната сезона да игра во Европа.
„Тоа е навистина голем клуб. Минатата година беше тешка, но оваа година сме понадежни. Имаме планови и имаме намера да бидеме успешни на крајот од изданието“, изјави Барди.
За време на неговиот престој во Леванте беше споредуван со еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот, Лионел Меси во поглед на слободните удари.
Аргентинецот се смета за еден од најуспешните играчи од слободни удари.
„Имаше моменти кога бев подобар од него. Затоа што јас дадов 7 гола во 25 слободни удари, а тој 8 гола во 52 слободни удари. Кога ќе го погледнете процентот, јас бев подобар. Само се шегувам“.
„Вистината е дека се чувствувам многу добро кога прават такви споредби. Секако, кога имаш само 22 години и постигнуваш 7 гола од слободни удари во една сезона, тоа е исто така добра работа“.
Барди изјави дека кога бил дете со восхит ги гледал Манчестер Јунајтед и Кристијано Роналдо.
„Многу го сакам фудбалот. Меси има посебно место за мене“, рече меѓу другото Барди.