Мали темно сини бобинки во гроздови, со лут вкус, се достапни во текот на целата година.
Може да се консумираат свежи, доволно е да се јадат 200 до 300 грама дневно. Покрај тоа, тие можат да се замрзнат, сушат, варат како мармалад, сок, сируп, компот.
Истражувањата покажуваат дека аронијата има антиканцерогено дејство бидејќи уништува голем процент од малигните туморски клетки.
Аронијата е богата со антиоксиданси и на тој начин ги штити здравите клетки во телото и крвната плазма од оксидативен стрес, забавувајќи го процесот на стареење на организмот и спречувајќи развој на хронични болести.
Ја поттикнува работата на тироидната жлезда и затоа особено се препорачува за луѓе кои страдаат од хипертироидизам. Дополнително, аронијата спречува појава на кардиоваскуларни заболувања, го намалува високиот крвен притисок и холестеролот и го поттикнува производството на добар холестерол.
Ја поттикнува и работата на црниот дроб, ги смирува грчевите и болките во цревата, го намалува воспалението на цревната слузница и ја стопира дијареата. Аронијата е корисна и при воспаление на уринарниот тракт.