Сообраќајот на автопатот А1 во Хрватска меѓу клучката Бриње и клучката Огулин е во прекин во двата правци поради сообраќајна несреќа што се случила синоќа, јавува 24сата.хр.
Се превртел автобус со албанска регистрација, а според информациите на порталот ГС Прес има и загинати.
Во автобусот имало осум лица, двајца возачи и шест патници. Според информации од терен, најверојатно загинал возачот.
Хрватскиот авто-клуб известува дека на одредени делници од автопатот во внатрешноста е отежнато движењето поради снег и на брегот поради бурните ветрови.
Нема патен правец за камиони со приколки и шлепери од внатрешноста кон Далмација, Истра и Риека.