Ешли Греам (35) беше уловена од фотографите како ја напушта роденденската забава на нејзината пријателка Тори Кели во хотел во Беверли Хилс.
Плус сајз моделот, која со години го носи она што и’ се допаѓа и не се грижи за коментари, ги покажа своите облини во отворен златен фустан.
Таа роди близнаци во јануари оваа година а во оваа прилика ги покажа нејзините природни облини во светкав златен фустан и пар од новите чизми од кристал Jimmy Choo x Timberland, кои се продаваат за 5.000 евра.
35-годишната манекенка и мајка на три деца, позната по својата мантра „убавина пред големина“, изгледаше самоуверено во предизвикувачкиот комплет.
Фустанот со отворен грб ја истакна нејзината фигура која, високите потпетици уште повеќе ја истакнуваа. Фустанот беше споен со две прерамки кои го прекрстуваа грбот.
Црнокосата убавица ја имаше собрано косата во пунџа, додека долгите предни шишки и’ го врамија лицето.
Асиметричниот дизајн на фустанот имаше долг дел од едната страна, кој поборникот за позитивност на телото (bodypositivity) го вртеше додека се вртеше за да направи поза за камерата.
Ешли ја имаше облечено својата спектакуларна облека со обетки и светкави чизми од колекцијата Jimmy Choo x Timberland. Чевлите се украсени со кристали и имаа шпицести врвови и детали за логото.
Инаку, Ешли е многу критикувана и и’ ,,се мери секој грам” (таа моментално има 91 килограм), некои одат дотаму што велат дека не треба да носи ваква провокативна облека. Таа не обрнува внимание на ваквите коментари – го носи тоа што го носи и вели дека се храни здраво и редовно вежба.