Вооружен маж, за кој се верува дека синоќа сам дејствувал, застрелал седум лица и ранил осум во црква на Јеховините сведоци во германскиот град Хамбург, соопшти полицијата која го истражува мотивот за нападот.
Според првите извештаи на германските медиуми нема индиции дека сторителот на масакрот е во бегство и дека би можел да биде меѓу загинатите, објави Билд повикувајќи се на полициски извори.
Претходно, ДПА, повикувајќи се на новинари од местото на настанот, јави дека жителите на северниот кварт Алстердорф добиле предупредувања на мобилните телефони да не излегуваат поради ситуација опасна по живот. Телевизиските снимки покажаа десетици полициски автомобили и противпожарни возила кои ги блокираат улиците.
Полицијата соопшти дека била повикана нешто по 21 часот, а униформираните службеници кои пристигнале на местото на настанот пронашле неколку мртви и неколку тешко повредени.