Фудбалерите на фудбалскиот клуб Барнли се вратија во англиската Премиер лига по само една сезона помината во втората лига.
Враќањето во елитата го обезбедија пред нешто помалку од две недели кога на гости го совладаа Мидлсброу со резлутат од 2:1 и со тоа обезбедија едно од првите две места на шест кола пред крајот на првенството.
Голманот на Барнли, Аријанет Муриќ денес се најде на насловните страници во британските таблоиди, бидејќи организирал голема прослава во еден клуб во центарот на градот во Минхен, Германија.
Германскиот весник Bild открива како тој ја платил сметката од 36.000 евра таа вечер, и како на келнерката и оставил бакшиш од неверојатни 10.000 евра!
Келнерката со име Шантел го споделила бакшишот со своите колеги.
„Ги поканив сите и им поделив бакшиш. Удел добија сите келнери, отскокнувачи, диџеј, дури и одговорниот за тоалетот“, открила Шантел и додала:
„Беа многу љубезни, одлично се забавуваа и создадоа одлична атмосфера во клубот, особено откако платија за сите пијачки. Порано добивав високи бакшиши, но никогаш толку многу“.