Актерката Елизабет Харли (59) не престанува да воодушевува со фотографии и видеа на кои се гледа како го поминува ова лето. Таа деновиве сподели предизвикувачко видео во бело, минијатурно бикини и на него собра повеќе од 144 илјади лајкови.
Животот е убав, напиша таа. Прво актерката се капела во морето, а потоа се качила на бродот и се истуширала. Нејзините облини и витка фигура беа во преден план, а провокативните кадри ги пофалија фановите.
„Таа е несомнено најубавата жена на планетата“, „Имаш премногу добро тело“, „Неверојатно е колку добро изгледаш во бикини“, „Убава како и секогаш“, ѝ напишале.
Харли претходно откри како успева да ја одржи својата завидна фигура. Како што кажа претходно, првото нешто што го прави наутро е да испие две шолји топла вода бидејќи, според неа, таа е многу добра за дигестивниот систем. Нејзиниот омилен појадок е грчкиот јогурт и бананите, кои ги меша со мед. За ручек најчесто јаде супа, месо и здрави прилози.
„Цело лето јадам овошје и зеленчук од мојата градина. Порано имав мала органска фарма, а целото месо што го јадеше мојот син беше од фармата. Очигледно, тоа не е можно за повеќето луѓе, но поддршката на локалните фармери е добра каде и да живееш“, изјави таа претходно.