Шери Џејмс која има 70 години се лечела од страшна болест, а потоа на својата свадба ги повикала лекарите со кои поминала низ тежок период на лекување и им побарала посебна услуга.
Оваа храбра жена се верила во јануари и ги замолила своите лекари да ја придружуваат до олтарот, а тие тоа и го направиле.
Кога Шери Џејмс се вери во јануари, таа веднаш знаеше дека сака да замоли двајца посебни луѓе не само да присуствуваат на нејзината претстојна свадба – туку и да ја придружуваат до олтарот.
Оваа 70-годишна жена била подложена на хемотерапија и зрачење поради рак на дебелото црево. Од февруари до април 2021 година, Шери била подложена на интензивна нега, а двајца нејзини онколози, д-р Ван Морис и д-р Ејми Холидеј, од Универзитетот во Тексас и’ помогнаа да преживее.
Како што истакна за ABC News, таа не можела ниту да ја замисли својата венчавка без нив, а тие двајца се договориле да ја придружуваат до олтарот.