Пратеничката на ВЛЕН, Саранда Имери, јавно ja повика СДСМ да не се занимава со Заменик – оремиерот Изет Меџити и нагласи дека доколку СДСМ тврди дека има нерегуларности, тогаш како што вели таа, таа нерегуларност почнала во нивните редови со воспоставена практика од 2017 година.
„Денеска сме тука пред седиштето на СДСМ да доставиме документи и докази кои несомнено покажуваат дека нивниот актуелен заменик лидер и поранешна министерка за животна средина Каја Шукова работела по истиот модел како што работи денеска министерот Изет Меџити.
Овие документи покажуваат дека истите процедури, истите архивски и службени практики што тие денеска ги напаѓаат како партија, важеле за секој министер што ја водел оваа институција во владата на СДСМ, вклучително и за нивната заменик претседателка Каја Шукова“, изјави пратеничката на ВЛЕН, Саранда Имери.