Во натпреварот од првото коло од групната фаза на Конференциската лига, Зрињски од Мостар успеа да го победи славниот АЗ Алкмар, по неверојатен пресврт.
Фудбалерите на Зрињски губеа со 3:0, а потоа пред своите гледачи направија огромен пресврт и ги освоија трите бода.
По натпреварот, во интервју за „Индекс“, тренерот на Зрињски, Крунослав Рендулиќ, откри како ја прославил оваа победа со своите играчи:
– Не знам ни колку потрошив за да ги наградам играчите. Не ми е гајле! Знам дека платив за јагнешко и пијалак, не ми е жал. Дај Боже да има што повеќе случаи кога ќе треба да трошам – изјави Рендулиќ.
Рендулиќ откри што им рекол на своите играчи во соблекувалната на полувремето:
– Ништо посебно. Им реков да се смират, да не шират нервоза. Им објаснив дека мораме да ги намалиме растојанијата меѓу линиите и да ги намалиме техничките грешки на минимум, бидејќи првото полувреме беше катастрофално во тој поглед – додаде Рендулиќ, а потоа истакна дека им кажал дека најважното нешто е да не се нервираш.