Актерот Харисон Форд по долго време беше виден во јавноста на премиерата на уште едно продолжение на филмот „Индијана Џонс и бирачот на судбината“ во Кан, во придружба на неговата сопруга Калиста Флокхарт.
Актерот Харисон Форд по долго време беше виден во јавноста, а на црвениот тепих се појави за специјална пригода.
На филмскиот фестивал во Кан, тој го претстави своето ново продолжение на филмот „Индијана Џонс и бирачот на судбината“ , а пред фотографите позираше со сопругата Калиста Флокхарт.
Иако наскоро ќе наполни 81 година, актерот сепак изгледа многу помлад, а дополнително го подмлади смокингот кој го носеше за премиерата на филмот, а кој одлично му прилегаше.
Актерот ретко се појавува на овие настани, но кога се појавува секогаш е придружуван од сопругата Калиста, која е 22 години помлада од него. Иако на почетокот многумина не им предвидуваа долга заедничка иднина поради големата разлика во годините, актерската двојка вешто се спротивставува на злите јазици и со години докажува дека вистинската љубов не познава години.
Форд и Флокхарт се запознале во 2002 година на доделувањето на наградите Златен глобус во Лос Анџелес, благодарение на нејзиниот лукав план. Имено, Калиста потоа „случајно“ го полила со пијалок со намера да го запознае, а нејзиниот смел потег вродил со плод. Веднаш беше договорена повторна средба, а следниот чекор на Калиста беше да го повика својот колега Џејмс Марсден да и помогне во целата ситуација бидејќи таа едноставно не можеше да му одолее на Харисон.
Така, планот на Калиста почна добро да се развива, а таа самата во неколку наврати призна дека воопшто не ја интересира љубовната историја на Харисон, како и неговата возраст. Потоа се венчаа во 2010 година.
Инаку, Форд веќе најави дека тоа ќе биде негово последно појавување во улога на снаодлив археолог, а за прв пат го играше во 1981 година во филмот „Raiders of the Lost Ark“.